ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја уништува државата, безбедноста на граѓаните е ставена под знак прашалник
Многу земји имаат мафија, но само во Македонија, мафијата си доби своја земја. Република Македонија се претвора во ветена земја за криминалците и тоа нема да се смени со промената на името и идентитетот што ги предлага Заев.
Безбедноста е нарушена, луѓе се убиваат, физички напаѓаат по улици, а одговорност нема за никого.
Главниот град Скопје наликува на сцена од криминален филм а не на град каде што граѓаните можат да живеат без да се плашат за сопствениот живот и животот на најблиските. СДСМ ја уништува државата, а безбедноста на граѓаните е ставена под знак прашалник.
Откако е СДСМ на власт секојдневно сме сведоци на насилства по улиците, неразјаснети убиства и криминални вооружени пресметки низ целата држава. Едноставно криминалот царува а безбедноста не ја гарантира никој. Брутални убијци се шетаат на слобода, а доказ за тоа е егзекуторот што среде бел ден, на прометна улица го ликвидираше младиот фудбалер Мартин Јанушев. Поминаа десет месеци, против убиецот нема никаква постапка и не е приведен.
Наместо СДСМ и Оливер Спасовски да работат за граѓаните, тие ја загрозуваат нивната безбедност.
Додека криминалот, насилството, уцените и хаосот царуваат по улиците низ Македонија, Зоран Заев забрзано ги распродава националните и државни интереси на Република Македонија. Зоран Заев ги прифати сите грчки барања, прифати ново име за севкупна употреба, се откажа од македонскиот идентитет и се согласи на бришење на македонската култура и историја.
Граѓаните не паметат кога МВР последен пат расветлиле некој криминален случај. Граѓаните со право стравуваат за својата безбедност. Криминалците слободно се шетаат на улица и ги загрозуваат мирот и стабилноста во нашите населби.
Оливер Спасовски ја претвори МВР во нефункционална институција.
Спасовски нема капацитет да го води МВР. Време е Спасовски целосно да се посвети на партиската агенда и да си замине од ресорот. Така граѓаните ќе имаат помала штета.
Хаосот кој го креираат Заев и СДСМ мора да престане. Криминалот и насилството мора да завршат, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти