Македонија
6. March 2019 - 9:10

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја носи државата кон презадолженост

Власта ја води Република Македонија кон економски колапс. Тевдовски и Заев вчера, на месец и половина пред избори не задолжија за нови 130 милиони евра.

Каде ќе завршат овие 130 милиони евра и зошто ова задолжување се врши пред избори? Дали станува збор за изборна корупција?

СДСМ ја носи државата кон презадолженост. За само две години колку се на власт го зголемија јавниот долг за над половина милијарда евра, со што тој надмина 5 милијарди евра и е над 50% од БДП.

Додека долгот рапидно расте, економијата тоне. Според податоците на Државниот завод за статистика извозот во јануари оваа година е за 1.9% помал од извозот во јануари минатата година, додека увозот за истиот период е поголем за1.4%.

Намалениот извоз е клучен доказ дека економијата стагнира. Падот на извозот на долг рок може да предизвика и пад на девизните резерви, но и пад на општото производство.

Економијата оди кон дното и ова мора да се запре. СДСМ нема капацитет да ја води државата. СДСМ мора да си замине. Победата на претседателските избори е клучна причина за распишување на предвремени парламентарни избори, кои ќе значат пад на оваа ненародна и расипничка влада.