Македонија
18. September 2017 - 9:23

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја крахираше економијата

Владата на СДС ја крахираше економијата. Таа е во слободен пад. А цехот за неодговорното управување и неспособноста на владата на СДС ќе го платат граѓаните.

Како ќе оди економијата нагоре кога извозот паѓа, странските инвеститори се бркаат, криминалот и корупцијата го гуши општеството.

Откако е на власт расипничката влада на Зоран Заев за прв пат после подолг период имаме пад на просечната плата за 0.7% и пад на индустриското производство 2,2%.

Неспособниот СДС со неговите погрешни економски политики ни донесе и пад на извозот за јуни и јули и тоа 12% односно 52 милиони евра.

Во овие три месеци СДС не само што не донесе нити една инвестиција туку носи и мерки кои ги тераат странските инвеститори да почнат да размислуваат да ја напуштат Македонија и да заминат во други земји од регионот, а со тоа се ризикува без работа да останат 25.000 граѓани.

Единствено што расте се цените и трошоците за живот на граѓаните на Република Македонија. Ветуваа живот, а донесоа беда и сиромаштија. Крајот на ова недомаќинско работење на владата на СДС и Заев ќе заврши на претстојните локални избори на 15-ти октомври кога граѓаните ќе ги казнат ваквите погубни политики на Заев и СДС.