Македонија
27. March 2020 - 13:24

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев и во време на вонредна состојба и глобална пандемија профитираат

СДСМ и Заев и во време на вонредна состојба и глобална пандемија профитираат.

СДСМ и Венко Филипче беа фатени во корупција со респираторите, сега се фатени во корупција и со тестерите за корона вирус.Профитерите во услови на криза Тестовите за Ковид-19 ги наплаќаат 4 пати поскапо од пазарната цена.

Тест во институтот за Јавно здравје за вирусот Ковид-19, чини ни помалку ни повеќе туку 4.950 денари.Тестовите во приватните клиники чинат трипати помалку односно 1.200 денари и 1.500 денари по тест.Тестовите во приватното здравство чинат помалкуод јавното здравство.

Ваква корумпирана власт не постои во Европа, ниту некој од Европа сака до себе корупција и Луј Витон политичари.

Реалната слика на Република Македонија во моментот е дека системот крахира, бројот на заболени и починати постојано се зголемува.Поради несоодветната грижа во државата 12 проценти од заразените се лекари.

Докторите и медицинскиот персонал работат без соодветна заштита, а Заев и функционерите на СДСМ се расфрлаат со народни пари, и ќе ги кратат платите на работниците.Додека здравствените работници мака мачат со опрема, Заев и неговите функционери фрлаат милиони по ручеци и патувања.
Срамно и жално е колку СДСМ, Венко Филипче и останатите немаат срам и печалат на грбот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ како партија која е секогаш на страна на сите граѓани дава поддршка за сите медицинските и здравствените лица и ќе ја поддржи секоја мерка која ќе значи поголема заштита лекарите и здравствените работници.

Владата е должна и мора да обезбеди доволно ресурси да се заштити медицинскиот персона, да се обезбеди сигурност и здравствена заштита за секого, затоа што секој живот вреди!