ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче наместо за пациентите се грижат за веледрогериите и распределбата на милионските тендери
Здравството во Република Македонија е во клиничка смрт. СДСМ и Венко Филипче, наместо за интересот на пациентите се грижат за интересот на веледрогериите и распределбата на милионските тендери.
Филипче, според основани сомневања за неполн месец се обиде да протне криминални тендери во износ од 40 милиони евра, на штета на пациентите. На Филипче не му е грижа за здравјето на граѓаните и затоа парите од Буџетот ги троши на милионски тендери.
Недозволиво е министерството за здравство да молчи и да бега од одговори дали инсулинот за кој има сомневања дека e со кус рок во Република Македонија е донација и дали истиот е поврзан со невладината каде Венко Филипче директорува.
Филипче и СДСМ не смеат да продолжат да си поигруваат со здравството, граѓаните очекуваат одговорност, а не арамилак во водењето на еден од најзначајните ресори во државата.
Здравството не смее да биде жртва на неспособноста и желбата за профит на Филипче и СДСМ.
Квалитетно здравство е право на граѓаните и обврска на власта, СДСМ ако не може тоа да го овозможи и треба да си замине. Граѓаните немаат два животи, за едниот да му го подарат на Филипче и СДСМ.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто