Македонија
5. January 2019 - 11:33

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го потцени трудот и производот на земјоделците

СДСМ отворено манипулира и ги лаже земјоделците.

Воведувањето на таканаречена зелена нафта е само уште една лага во низата на лаги на СДСМ кон земјоделците, во ситуација кога владата на СДСМ и Зоран Заев драстично ја зголемија  акцизата за нафта.

СДСМ води политика на кражба и лажење. Зголемувајќи ја акцизата далеку повеќе одземаат од граѓаните отколку што ќе овозможат бенефит со зелената нафта.

СДСМ повторно ги изажеа земјоделците дека ќе добијат 160 милиони евра субвенции. Реалноста е сосема поинаква. СДСМ ја прави истата манипулација како минатата година, односно  со предложениот буџет  од предвидени субвенции и програма за рурален развој, земјоделците ќе добијат околу 141 милиони евра, односно за цели 19 милиони евра помалку.

Земјоделците едвај преживуваат. СДСМ донесе црнило и во земјоделието. Оваа година немаше загарантиран откуп на доматите, зелката, краставиците, бостанот, пченицата, сливите и јаболката. За бедата да биде поголема цените кои им беа понудени на земјоделците беа мизерни и недостоинствени за нивниот труд и мака.

Земјоделците се жртва на политичкото цунами на СДСМ.

СДСМ го потцени трудот и производот на земјоделците и затоа мора да замине.

Земјоделците заслужуваат сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари. Земјоделците заслужуваат подобро, затоа колку побрзо си замине оваа криминогена власт толку побрзо ќе може македонското земјоделство да се опорави.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ