ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го изгуби мнозинството во Советот во Струмица
СДСМ го изгуби мнозинството во Советот на Општината и не се веќе на власт, зашто немаат кредибилитет, истакна на денешната прес-конференција кооординаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Пакетов.
Според него, оваа советничка група деновиве успеала во своите редови да го придобие кандидатот советник од ВМРО-НП, со што го добиле потребното мнозинство од 12 советници, наспроти во моментов 10 на СДСМ.
- Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“ и ВМРО-НП имаат легитимно мнозинство во Советот на општината. На последната седница се гласаше за дневен ред каде што немаше расположение од советничката група на СДСМ и ја блокираa работата на седницата и на комисијата зa мандатни прашања. Се потрудивме во интерес на граѓаните во коалиција со советникот од ВМРО-НП да го одблокираме работењето на Советот на Општина Струмица, рече Пакетов.
Новата советничка група бара одржување итна седница, избор на нов претседател на Советот и нов градоначалник.
- Бараме итно да се свика седница на Советот со која ќе се верификува новото советничко мнозинство и ќе се избере нов претседател на советот. Ќе побараме избор на нов градоначалник на општина Струмица затоа што Зоран Заев нема легитимитет, не е веќе власт во Струмица, рече Пакетов.
Според него, ова значи нов почеток во Струмица.
- Ова е нов почеток во Струмица. Почнува транспарентно и отчетно работење во општина Струмица. Ова значи крај на нетранспарентноста и матни тендери и богатење на поединци на грбот на општина Струмица. Ова значи крај на ерата на заплашување и притисоци. Струмичани добиваат одговорна власт за граѓаните. Ќе биде направена ревизија на работењето на сите општински институции. И започнува нов почеток на одговорно владеење и многу проекти за граѓаните на Струмица, рече Пакетов.
Ново на Сител
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет