ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги киднапира институциите
Она што СДС го прави не е само киднапирање на институциите, не е само диктатура и режим, во Македонија завладува хунта.
Во истиот момент кога министерот за внатрешни работи, Спасовски дава изјава дека полицијата нема се вклучува и интервенира во изборите, имаме поднесување на монтирана и целосно бесмислена кривична пријава против градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсенчо Алексовски, а финансиската полиција има упад во уште една општина раководена од наш градоначалник.
Полицијата на Спасовски директно се вклучи во изборната кампања на СДС. Трет ден нема санкционирани ниту одговорност за полицијаците кои во петокот, кандидатот за градоначалник на истата општина Митко Јанчев без било каква причина беше застанат и малтретиран од полицијата.
Политичката хајка и притисоците врз кандидатите за градоначалници е израз на стравот и нервоза на СДС од претстојниот изборен пораз.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна