Македонија
3. September 2021 - 9:56

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е киднапирана партија

СДСМ е киднапирана партија. Зоран Заев ја држи СДСМ како заложник на своите криминални и бизнис интереси. Се однесува како да се работи за негова приватна фирма, па сам одлучува кого ќе исклучи, кого ќе кандидира.

Вчерашната изјава дека допрва ќе одлучуваат телата и органите за исклучувањето на Максим Димитриевски, само покажува дека тоа кое што Заев го сака, партиските органи само го исполнуваат.

Дополнително скандалозно во изјавата на Заев е дека тие за овие избори не кандидираат личности, туку негови послушници и пиони. Впрочем тоа го покажува и со кандидирањето на братучедот на Оливер Спасовски за Куманово и бизнис партнерот на Вице Заев за Битола. СДСМ веќе не е партија, туку маша на мафијата предводена од Заев.

Зоран Заев станува проблем за самата партија, но и за Македонија. Ваквите чекори се само одраз на очајот се наоѓа Заев во пресрет на изборниот пораз. Колку повеќе ќе наближува поразот, толку повеќе ќе расте нервозата на Заев и на виделина ќе излезе целиот негов недемократски капацитет.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ