ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се откаже од редефинирање на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ја повика СДСМ да се откаже од, како што се наведува во соопштението, редефинирање на Република Македонија и нејзино трансформирање од мултикултурна во бинационална држава.
- Во таков случај ВМРО-ДПМНЕ се обврза дека ќе го поддржи Заев и СДСМ да формираат влада, иако не беа поразени на изборите, стои во соопштението.
Прифаќањето на платформата од Тирана, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, е класична уцена, а заради карактерот и алчноста да се дограбат до власт, проценката била дека ваквата уцена може да помине кај Зоран Заев и СДСМ без разлика колку нејзиното прифаќање е штетно за државните и национални интереси.
- СДСМ е уценета партија, но трагедијата е во тоа што цената на крајот ќе ја плати Република Македонија и македонскиот народ. Затоа ВМРО-ДПМНЕ понуди на СДСМ и нејзиното раководство да ја отфрлат уцената и платформата од Тирана, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, според нив, треба да го сфати историскиот моментум и да ги отфрли заканите и уцените од надвор, пред кои се наоѓа Македонија, но и самите тие како партија.
- Граѓаните на Македонија очекуваат да проработи совеста кај секој политички субјект, вклучително и кај Заев, во време кога постои сериозна закана по унитарниот и суверениот карактер на државата. Секое редефинирање на државата не им е во прилог ниту на Албанците, ни на Ромите, ни на Бошњаците, ни на Власите, ни на Србите, ни на Турците, а најмалку на Македонците во нашата татковина, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка