Македонија
28. February 2021 - 11:29

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не глуми дека ја донеле правдата

СДСМ не може да зборува за право и правдина во Република Македонија. Речиси 5 години правдата ја нема, а наместо правда, цвета криминалот и корупцијата. СДСМ може да зборува само за селективна правда, односно за онаа која што важи за обичните граѓани, додека пак за функционерите и блиските соработници ја нема.

На македонската јавност и е јасно дека СДСМ направи договор со екс директорот на УБК Сашо Мијалков, за потоа да изглумат и излезат херои во очите на граѓаните, иако тоа не поминува и граѓаните ја окарактеризираа таа случка како трагикомична.

Зошто Спасовски и Заев повеќе од 40 часа молчеа и не излегуваа на прес конференции, а потоа во временско растојание од 3 часа дадоа две контрадикторни изјави? Кој го направи притисокот врз Заев и Мијалков, за да мораат да изглумат филмска сцена.

Единствената причина поради која што Сашо Мијалков се пријави во судот е бурната реакција на народот. Наместо Владата, овој пат граѓаните сами ја сработеа работата, бидејќи доколку граѓаните не реагираа, случајот повторно ќе беше заташкан, што и впрочем беше договорот помеѓу Заев и Мијалков. Тоа е реалната слика за неспособноста на оваа власт, односно реалната слика за тоа каква мафија владее во државата.

Граѓаните заслужуваат да знаат дали за два месеци ќе следи ново пазарење помеѓу Зоран Заев и Сашо Мијалков и дали Мијалков ќе биде на слобода?

Дали е вистина дека уште од сега се работи на креирање нов план за избегнување на одговорноста и остварување на договорот кој овој пат не успеа да се реализира по реакција на граѓаните?!

После сето ова, едно е јасно. Зоран Заев е човекот кој пет години зборува за правда, а ја користи секоја шанса да гази врз неа поради лични договори и потреби.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ