Македонија
3. September 2017 - 11:48

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ блокира готови проекти

ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение ја критикуваше СДСМ за, како што велат стопирањето на проектот за изградба на клиничкиот комплекс  Мајка Тереза во Скопје за кој истакнуваат дека имало и договорор за изградба и обезбедени пари. 

- СДС не само што блокира готови проекти, туку и безмилосно троши народни пари, а зад себе нема никаква реализација. Тие за три месеци од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии расипнички потрошија над 320 милиони евра, пари со кои можеше да се изградат речиси пет други слични клинички комплекси низ пет различни региони во Македонија и на тој начин да се издигне здравството на повисоко рамниште, стои во соопштението. 

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата со неодговорно трошење на парите сериозно ја загрозува Македонија.

- Заради вакво неодговорно и неспособно раководење со државата Зоран Заев и СДС на 15-ти октомври од граѓаните ќе бидат казнети и ќе доживеат катастрофален пораз, што ќе биде јасна порака од народот до нив и нивната деструктивна и недомаќинска работа, се наведува во соопштението.