Македонија
23. November 2017 - 15:11

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вети и не исполни 200 евра помош за социјално загрозените

Денес сме ноември месец цели 6 месеци откако СДС е на власт и не остварија ниту едно ветување. Ветија и излажаа 200 евра социјална помош за социјално загрозените.

Ветувањето за социјална помош од 12.000 денари е чиста предизборна манипулација на СДС. Помина цела една година откако Зоран Заев им вети и ги изманипулира граѓаните дека сите семејства кои немаат никакви приходи ќе добијат социјална помош од 12.000 денари.

Заев дополнително ветуваше дека сите семејства кои имаат некаков приход, државата ќе им надополни до 12.000 денари.

За сега цела една година подоцна граѓаните да воочат дека Зоран Заев ги изманипулирал.

Предлог буџетот на владата за 2018 година не предвидува покачување на социјалната помош. Нема ниту денар повеќе за покачување на социјалната помош.

Најобемниот буџет во историјата на државата од енормни 3,5 милијарди евра нема средства за покачување на социјалната помош, но затоа има средства за покачување на ставката за патни и дневни расходи за 5,2 милиони евра.

Граѓаните и државата се жртва на неодговорната политика на СДС. Граѓаните се излажани и изманипулирани. Нема пари за социјална помош, нема пари за развој. Ветуваа социјална држава со грижа за сите, добивме влада која се задолжува за луксуз и раскош за потребите на партиската врхушка.

Доколку влада формираше ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше континуирано покачување на социјалната помош за 10,6 отсто годишно, односно во текот на целиот мандат истата ќе се зголемеше за 50 отсто. Доказ за тоа е оствареното од минатото, имено од 2006 до 2016 година истата беше покачена за 69 отсто.