Македонија
16. May 2017 - 20:31

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема капацитет да направи нешто за социјалните работници

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешната изјава на Мила Царовска од СДСМ оценувајќи дека е срамно и лицемерно оваа партија да зборува за социјалната заштита затоа што во времето кога биле на власт не направиле ништо за подобрување на системот на социјална заштита.

- СДС ниту има капацитет, ниту пак ќе направи нешто во корист на социјалните работници и социјалната заштита. СДС само сака медиумски да го сврти вниманието на јавноста од распродажбата на државните и националните интереси на Македонија од страна на нивниот лидер, Зоран Заев и целата криминогена врхушка во врвот на партијата, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека во изминатиот период реализирани се многу проекти со кои е подобрен системот на социјална заштита, а во центрите за социјална работа вработен е соодветен кадар и функционални стручни тимови.

- СДС треба да го слушне гласот на народот и наместо прес-конференции за дефокус на јавноста заедно со локалните избори да распише и предвремени парламентарни избори, како директно ќе слушнат што мислат граѓаните за нивната намера за разнебитување на државата, кое се обидоа да го дефокусираат под превезот „за живот“, вели ВМРО-ДПМНЕ.