ВМРО-ДПМНЕ: СДС не се изјаснува кој предлог е прифатлив за нив, затоа што не ја дава ДУИ во опозиција
ВМРО-ДПМНЕ на СДС му понуди две опции и излез од ќорсокакот во кој ја донесоа Македонија. Двете опции значаи и евроинтеграција и заштита на вековниот идентитет и македонскиот јазик.
СДС наместо да спинува и да манипилира, треба јасно и гласно да каже која од двете понуди на ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа. Тоа што СДС не се изјаснува кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ им е прифатлив, може да значи две работи.
Една веројатност е дека не ја дава ДУИ да оди во опозиција, затоа што Ковачевски и неговите сопартијци се држат како заложници и се уценети за нивните коруптивни дејанија.
Втората веројатност е дека СДС не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи планира во текот на преговорите да подготви ново национално предавство, односно е спремна да ги дораскрчми националните интереси, да прифаќа нови барања од Бугарија и целосно да го срози македонскиот иденитет.
Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни, нема да има Уставни измени по бугарски диктат. Јасно е дека власта на СДС нема 2/3 мнозинство и нема да го има додека не застане во одбрана на националните и државните интереси. Јасни се и предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои му беа кажани на Ковачевски, и конечно треба да каже дали и кој предлог на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа.
Без заобиколување СДС треба да даде конкретен одговор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна