ВМРО-ДПМНЕ: СДС не реализира ниту еден проект за заштита на културното наследство
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја оцени како политички памфлет денешната прес-конференција на Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, на која, наведуваат, Алаѓозовски ја покажал својата елементарна некомпетентност за работите кои се обидува да ги коментира.
- СДС и Алаѓозовски немаат кредибилитет да говорат за заштита на културното наследство и унапредување на туристичкиот потенцијал на Република Македонија од проста причина што во време на нивното практицирање на власта не реализираа ниту еден единствен проект од оваа област. СДС не реализираше ниту еден проект за конзервација, реставрација и санација на ниту еден објект или локалитет од пребогатото културно наследство на Република Македонија, а истите беа оставени без никаква заштита со што стануваа лесна цел за дивите копачи, се наведува во реакцијата.
Во врска со наводниот ризик за Охрид и опасност од губење на статусот град под заштита на УНЕСКО, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека „Алаѓозовски и СДС повторно ги манипулираат граѓаните, спротивно на изјавите од официјалните лица на мисијатата на УНЕСКО дадени непосредно по нивната официјална посета на земјава, во кои експлицитно се вели дека никогаш не станало збор Охрид да биде избришан од листата на УНЕСКО“.
- Граѓаните во изминатиов период видоа што значат инвестиции и грижа за државните и национални интереси. Сега се потсетуваат што значи деструкција и антидржавничко делување на СДС. Граѓаните се против антидржавната политика на СДС и со право се револтирани од постизборната измама која им ја приреди СДС и тоа се повеќе и повеќе јасно го покажуваат. Затоа народот е на улиците, затоа Македонија се буди, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца