Македонија
18. јуни 2017 - 16:19

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги враќа студентите како социјална категорија со укинувањето на дисперзираните студии

Укинати дисперзираните студии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, а по пет години пауза повторно активирани Родовите студии на Филозовскиот факултет и студиите за Безбедност и евроинтеграции на Универзитетот “Св Климент Охридски” во Битола. Министреката Десковска ваквиот чекор го најави уште при примопредавањето на функцијата, потенцирајќи дека сите студии од кои нема бенефит ќе бидат редуцирани.

Од МОН соопштуват дека ваквата одлука е донесена како резултат на барањето од Универзитетот кое се поклопило со ставот на Владата во однос на потребата од одредени дисперзирани студии.

Единствената причина поради која СДСМ ги укинува дисперзираните студии, на кои досега дипломираа околу 20.000 студенти, е тоа што оваа мерка беше воведена  од страна на Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ, реагираат од партијата.

Веќе е усвоен и Конкурсот за упис на студенти на државните универзитети. Оваа година за првпат се утврдени и квоти за упис на одредени студиски програми за студенти, чие родителско право го врши само еден родител, кои ќе плаќаат половина од износот на уписнината.

Од 26.105 обезбедени места за упис на студенти на државните универзитети, 13.953 места се за редовни студенти во државна квота, 8.367 студенти ќе може да се запишат како редовни со кофинансирање, а 3785 места остануваат слободни за вонредни студенти.