ВМРО-ДПМНЕ: Сакаме да градиме добрососедски односи, но базирани на взаемно почитување
ВМРО-ДПМНЕ е за градење на добрососедски односи базирани на взаемно почитување и ќе поддржи се што е во насока на подобрување на односите со соседите, но ништо што е во спротивност со интересите на македонскиот народ и држава, порачува партијата во пишано соопштение до медиумите.
- Шести ден како Заев молчи и крие од македонските граѓани што договорил во Софија. Во текот на изборната кампања на големо ветуваше експертски дебати и јавни расправи за секое поголемо прашање од значење за Република Македонија, Заев од Софија кажа дека договорот е речеси постигнат, а останува уште едно кафе пиење за да се заврши, без притоа да ги информира граѓаните што тоа преговарал и речеси договорил. Заев од Софија кажа дека ќе се бришат одредени термини од македонските учебници по историја, без притоа да каже кој и како ќе одлучува што треба да биде избришано, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев, се додава, во Бугарија јавно ја обвини Република Македонија дека ширела национализам и омраза во минатото, без притоа да прецизира кон кого тоа ширела нашата држава национализам.
- Додека Заев ја обвинува сопствената држава за национализам, молчи и не ги осудува националистичките изјави на Божидар Димитров, според кого македонскиот јазик е бугарски дијалект, ниту, пак, на сопартиецот на Каракачанов, Вангелов, според кого Македонија и Бугарија немаат заедничка историја, туку иста историја. Заев молчи и не реагира на нападите врз Република Македонија, иако како премиер е должен да го штити нејзиниот интерес, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот