ВМРО-ДПМНЕ: Русковска е олицетворение на неправдата
Вилма Русковска е олицетворение на неправдата во Република Македонија. Симбол на политичкиот прогон на неистомислениците на власта и синоним за амнестија на криминалот на Заев и врхушката околу него.
Со скандалозниот телевизиски настап Русковска уште еднаш ја потврди тесната врска со СДСМ и Заев.
Целата македонска јавност повеќе нема никакви дилеми зошто таа е омилената обвинителка на Зоран Заев и негов предлог за замена на Катица Јанева.
Русковска чекорејќи по стапките на Заев со ноторни лаги се обиде да изработи за власта.
Правната држава Зоран Заев ја укина денот кога седна во владата и кога под целосна контрола го стави правосудниот систем во државата. Во првите неколку месеци од своето владеење си одработи амнестија за земање на поткуп од 200 илјади евра од струмички бизнисмен за потоа да го започне прогонот на оние кои први го кренаа гласот против оваа ненародна власт.
Заев „го отвори правосудството како пупка“ по што 10-тици криминални тендери и грантови поминаа неказнети, а општиот грабеж на народните пари продолжува и до ден денес. Со Русковска обвинителството неказнет ќе помине и рекетот, најголемата криминална афера во македонската историја, вториот октопод на СДСМ чија глава е токму Зоран Заев. Русковска од првиот ден прави се за истрагата да не стигне до главата на октоподот. Истата да се одолговлече, доказите да бидат уништени, сведоците заплашени. но одговорност ќе има.
После 12 април, ќе одговараат сите оние кои сториле криминал и се огрешиле пред законот, но ќе одговараат и оние кои наместо да го гонат се ставиле во одбрана на криминалот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО