Македонија
16. March 2017 - 15:54

ВМРО-ДПМНЕ: Реакциите на СДСМ и СЈО покажуваат дека двете иституции се исти

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека денешните реакции на СДСМ и СЈО покажуваат дека двете иституции се исти и оти отворањето на, како што се вели, неиздржани предмети од страна на СЈО се прави, за да се дефокусира јавноста од тиранската платформа. 

- СДСМ тоне и е во паника. Видоа дека нивната антидржавна и антинационална политика не минува кај народот. Граѓаните масовно ја отфрлија тиранската платформа и стотици илјади граѓани секојдневно го покажуваат на улиците низ Македонија. Сосема очекувано беше политичкото активирање на СЈО преку неиздржани предмети, се со цел да врши притисок врз медиумите за да направи дефокус од револтот и гневот на народот кон тиранската платформа, кој секојдневно се слева на улиците, се наведува во соопштението.