ВМРО-ДПМНЕ реагира на одлуката за „Монструм“ и притворот за Дамовски и Јовановски
Судството под политички притисок вчера ослободи лица обвинети за тероризам. Како услов за да се бранат од слобода за грозоморното убиство на петте момчиња кај Смилковско езеро, судот им определи мерка два пати во неделата да се јавувале кај надлежниот судија.
Истото тоа судство вчера ги преиначи мерките домашен притвор за актерот Владо Јовановски и режисерот Борис Дамовски и одлучи да ги испрати во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Зоран Заев и органите на прогонот под негова команда, не само што им измислија, конструираа и процесираа обвинение за тероризам, туку повеќе им веруваат на убијците од Смилковско езеро дека редовно ќе се јавувале на суд и дека нема да ја напуштат Македонија, отколку што им веруваат на македонските патриоти.
Ова е срамната слика за македонската правда денеска. Луѓе кои низ целиот свет ја промовирале Македонија и македонската култура и не сториле никаков прекршок се гонат за тероризам. Луѓе кои ја бранеле земјава од терористи и криминалци се наоѓаат во притвор, а за терористите од Диво Насеље, Заев најавува меѓународна истрага за да ги ослободи.
Се апсат и притвораат луѓе само затоа што си ја сакаат земјата и затоа што гласно решиле да се спротистават на хунтата на Заев во нејзините намери за раскрчмување на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира се додека оваа криминална хунта се изживува со македонските патриоти, а од затвор пушта луѓе сторители на тешки кривични дела.
ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира протест пред истражниот затвор во Шуто Оризари, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.
Ново на Сител
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите