ВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставен за преиспитување на одлуката со која беше доделен мандатот
ВМРО ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на одлуката со која Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот на Зоран Заев.
Од ВМРО ДПМНЕ брифираат дека постои сериозна повреда на Уставот бидејќи мандатот е доделен без доказ за поседување на парламентарно мнозинство. Мандатот е узурпиран во овој момент од пратеникот Зоран Заев кој нема мнозинство, а чекорот со кој Пендаровски направи повреда на Уставот е за купување на време, за давање на простор за непринципиелно купување на пратеници. Кога Уставот е повреден Уставниот суд е должен да го заштити и од тој аспект веќе сериозно се разгледува опцијата за преставка до Уставниот суд за таквата одлука на Пендаровски.
Веќе правниците од партијата започнале со пишување на преставката.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени