Македонија
3. April 2021 - 8:41

ВМРО-ДПМНЕ: Расте хациендата на Филипче, расте и бројот на починати поради неспособната Влада

Расте бројот на починати и заразени од ковид, ама расте и хациендата на Филипче. Неспособната власт се фрлила на луксуз и градење на хациенди, додека народ умира. Додека десетици илјади македонски граѓани се вакцинираат во Србија, Венко Филипче е преокупиран со изградбата на хациендата на Водно.

Додека во државата не е набавена ниту една вакцина и чекаме донации, Венко Филипче на големо ја привршува касарната на над 13.000 м2 на најлуксузниот дел од Скопје .

Додека дневно илјадници луѓе се заразуваат, по 30-тина умираат, додека нема клексани, лекови и места во болниците на Венко Филипче приоритет му е градежништвото.

Аферата Шпанско село 2 во време на епидемија го покажува целото лице на власта. Среде епидемиска катастрофа тие си градат луксузни куќи, се обидуваат да ќарат провизии при набавка на вакцини, се возат со хеликоптери, мотори, местат тендери.

Ете затоа Македонија е на врвот по корупцијата во Европа, ете затоа Македонија е на дното по вакцинација а на врвот по смртност во светот од ковид 19.

Власта аздисува, дури народот умира и око не и трепнува нешто да превземат.