Македонија
26. February 2021 - 21:02

ВМРО-ДПМНЕ: Провидно е кога Маричиќ зборува за реформи во судството

Зоран Заев од опозиција лажеше и палеше народ дека има друга вистина за Монструм, ветуваше докази и нов процес, за на крај да се испостави дека лажел, но народот кој го запали остана да протестира и да негува сомнеж.

Заев е виновен што за ситни политички поени лажеше и играше на чувствата на народот. А Маричиќ сега глуми – Не сам знајала.

Провидно е кога Маричиќ зборува за реформи во судството и можни пропусти во случајот како тој со Мијалков. Маричиќ и неговата партија се 4 години власт во Македонија и секој еден пропуст е нивна вина.

Хаосот и недовербата во институциите, како и деградирањето на правото е вина само на СДСМ, и тие се што прават е само зголемување на тој хаос.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ