Македонија
10. July 2019 - 12:26

ВМРО-ДПМНЕ против законот за охридскиот регион

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го гласа новиот закон за заштита на културното и природното наследство на охридскиот регион. Опозициската партија се решила на ваков чекор бидејќи законот го сметаат за скандалозен, бидејќи во него се содржани препораките на УНЕСКО.

-Наместо да донесат одлука за рушење на дивоградбите купуваат време со нов закон и само ја префрлаат одговорноста на посебен Совет кој треба да носи одлуки со бадентерово мнозинство што е спротивно на Устагвот - рече Ане Лескоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Законот е ставен на дневен ред на денешната седница, и веројатно ќе биде прескокнат бидејќи се уште не е поминат на матичната комисија за култура.

 

Катерина Нешкова