Македонија
26. January 2019 - 11:28

ВМРО-ДПМНЕ: Промената на името само за СДСМ е добра вест

Промената на името, Уставот, идентитетот, јазикот и откажувањето од се што е македонско само за СДСМ е добра вест.

Само Зоран Заев и Никола Димитров сметаат дека промена на името , идентитетот, Уставот и јазикот на Македонија е храброст и успех, додека граѓаните сметаат дека тоа е кулавичлук и срам.

Заев донесе црнила за граѓаните на Македонија.

Заев и Димитров го навредија и потценија македонскиот народ. Договорот е капитулантски, со него се откажуваме со сите Македонци и од се што е македонско и токму затоа за ВМРО-ДПМНЕ овој договор ниту е, ниту ќе биде прифатлив.

Овој договор е директен удар на темелите на државноста и го поткопува уставниот поредок на Република Македонија.

Цела јавност виде како Зоран Заев од опозиција се колне во сопствените деца и предци дека нема да прифати промена на уставното име. Сега од позиција на власт Зоран Заев без срам го промени неговиот став и прави непроценлива и неповратна штета.

Заев не се бори за европските вредности, напротив тој и неговиот криминален картел на власт се борат за наместените тендери, корупцијата и криминалот кој царува.

Токму затоа Зоран Заев наместо декларативно и лажно да се залага за ЕУ, треба веднаш да си замине од власт пред штетата која и ја нанесува на Македонија да биде ненадоместлива.

Оваа криминална власт ја уништува Македонија.

Граѓаните заслужуваат да живеат подобро. За Македонија да оди напред СДСМ мора да замине час поскоро.