ВМРО-ДПМНЕ предлага не еден, туку четири викенди без ДДВ
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложат амандман на владиниот предлог за викенд без ДДВ во кој наместо еден, ќе се дополнат уште 4 викенди - по еден во месеците ноември и декември 2020 година, како и по еден викенд во јануари и февруари 2021 година.
- Така ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе нема турканици во продавниците со македонски производи и така ќе се зајакнува економијата и ќе се помага на производителите на македонски производи.
Со нашиот предлог реално ќе се помогне на граѓаните, а не само декларативно. Доколку СДСМ се искрени во намерата да им помогнат на граѓаните, ќе го прифатат овој наш амандман. Со тоа и ќе го реализираат она што го ветија. Во спротивно ќе покажат дека ја лажеле и манипулирале јавноста во предизборни цели - вели Иван Јорданов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти