Македонија
15. September 2017 - 15:00

ВМРО-ДПМНЕ: Правото на референдум е едно од основните демократски начела

Правото на референдум и правото на граѓаните да го изразат својот став за важни општествено политички теми е едно основните демоктратски начела. Социјалдемократскиот сојуз преку притисоци и институционални механизми се обидува да ги блокира референдумите на кои граѓаните треба да го дадат својот глас за или против населување на мигранти во своите општини.

Повеќе од десетина општини низ цела Македонија веќе ги собраа потребните потписи за распишување на локалните референдуми. Во истите општини, општинските совети исто така гласаа за распишување на референдуми. Државната Изборна Комисија мора да постапи согласно законите во Македонија и не смее да си дозволи да ги попречува одржувањето на локалните референдуми низ оппштините во државата за изградба на мигрантски кампови.

Социјалдемократскиот сојуз и Заев од позиција на власт уште одмна ги покажаа своите диктаторски тенденции, Социјалдемократскиот сојуз не смее да врши притисок врз ДИК и мора да ги почитува законите во Македонија. Законите во Македонија велат дека преку Социјалдемократскиот сојуз преку притисок врз ДИК не смее да го попречува одржувањето на референдумите само затоа што ќе пропадне нивниот план за населување на мигранти во Македонија.

Нашиот апел до ДИК и сите надлежни институции е да го почитуваат ова демократско начело на непосредната демократија и да им овозможат на граѓаните да го кажат последниот збор дали тие сакаат и не сакаат да се градат мигрантски кампови во нивните општини.

Сите граѓани на Македонија веќе се свесни за желбата на Социјалдемократскиот сојуз, Република Македонија да стане еден огромен мигрантски камп. Граѓаните исто така се свесни дека Македонија ги нема потребните ресурси за да им помогне на овие луѓе. Македонија има свои проблеми со невработеноста и сиромаштијата која секој пат кога неспособната СДС доаѓа на власт се во подем.

Граѓаните во Македонија сакаат тие да бидат приоритет на било која влада како и проблемите кои тие ги имаат, а не проблемите на како што се вели во стратегијата, на бегалци и странци. Тие знаат кој политички субјект единствено и отсекогаш ги штител интересите на граѓаните на Република Македонија. Единствена политичка партија која отесекогаш работела за интересите на граѓаните е ВМРО-ДПМНЕ и токму поради тоа граѓаните ќе ја дадат максималната поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори на 15-ти октомври, со што планот за населување на стотици илјади мигранти на македонско тло ќе пропадне.