ВМРО-ДПМНЕ прашува дали функционери на СДСМ преку пари од тендери стекнуваат огромни имоти
Каевски да каже дали со пари од тендери тој и неговата фамилија се стекнале со огромен имот.
Додека Дарко Каевски директорувал и ја извршува функцијата пратеник фирмата на неговиот татко ГЕО КАЕВСКИ зема милионски тендери.
Само во период од три години, односно 2018, 2019 и 2020 ГЕО КАЕВСКИ од тендери инкасирала над 18 милиони денари, односно 300 илјади евра.
Во исто време според податоците од имотниот лист на Каевски гледаме дека тој се стекнал со стан во Скопје и дел од куќа. Податоците се јавно објавени на страната на ДКСК, а документот го прикачуваме во прилог.
Дали функционерите на СДСМ лапаат државни пари преку фирмите на нивните родители и блиски роднини?
И додека народот по цел живот се мачи да обезбеди сопствен дом функционерите на СДСМ и нивните фамилии вртат стотици илјади евра преку државни тендери.
Одговорност мора да има. Ја повикуваме ДКСК да ги испита случаите со стекнување на имот на Каевски и земањето тендери на фирмата на неговиот татко.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација