Македонија
26. August 2018 - 16:04

ВМРО-ДПМНЕ повика и СДСМ да се откаже од буџетските средства - СДСМ пак одлучи да води кампања со јавните пари

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува владејачката СДСМ да се откаже од својот дел од собрнаискиот фонд од 1,3 милиони евра за водење на кампања за референдумот и парите да ги пренасочи за реални потреби на гражаните во образованието и здравството. Од опозициската партија сметаа дека користењето на буџетски пари за референдум е непродуктивен трошок.

Опозициската партија, преку изјава на лидерот Христијан Мицкоски се откажа од водењето на пропаганда за референдумот со јавни пари. Мицкоски побара нивниот дел да биде вратен во државниот буџет и да биде пренаменет. Неофицијално пратеничката група во среда и формално ќе му одговори на Талат Џафери дека се откажува од рекламите кои би им следеле.

Од СДСМ пак, сепак, одлучија да водат кампања преку Собранието. Одлуката веќе е донесена, ни потврди координаторот на пратнеичката група Томислав Тунтев

Во текот на утрешниот ден со официјален допис, Џафери ќе биде информиран за ваквата одлука на пратениците на СДСМ. На барањет на вмро-дпмне одговараат дека опозциската партија се однесува недогвоорно и дека на гражаните им го должи одговорот за нивниот став по однос на референдумот.

Став за кампањата имаат и во Алиајансата на Албанците на Зијадин Села.

На повикот на Џафери досега одговорија и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски кој ќе го бојкотира референдумот и пратеничката група на ДУИ која пак ќе води кампања за гласање „за“.Јавните пари ќе бидат само за реклами. Останатите активности од кампањата, како средби со гражани, изработката на спотовиите, или митнзите ќе се плаќаат од сопствени средства.