Македонија
27. August 2017 - 12:25

ВМРО-ДПМНЕ: Потребно е зголемување на буџетот и блок дотациите за детските градинки

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ наведува дека воведувањето втора смена во градинките може да создаде хаос во нивното работење.

- За реализација на оваа мерка исто така потребно е и зголемување на буџетот и блок дотациите за детските градинки, а тоа не е предвидено во ребалансот за буџетот за 2017, кој е донесен токму од Владата, што е уште еден показател дека СДС е на пат да направи хаос и во градинките, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, кадрите на СДСМ и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска повеќе време одвојуваат за анализа на сите детали околу згрижувањето на мигрантите, наместо да се грижат за потребите на граѓаните. 

- Владата на СДС нема капацитет, ниту концепт за спроведување на реформи. На 15-ти октомври СДС ќе ги стигне казната од граѓаните, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.