Македонија
12. February 2017 - 10:19

ВМРО-ДПМНЕ: Потребна десоросоизација на македонските медиуми

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека е неопходен процес на десоросоизација  на македонските медиуми, изнесувајќи тврдења дека „СДСМ/Сорос сакаат да ги заплашат и уништат медиумите врз кои немаат контрола“.

- СДСМ/Сорос дејствуваат со ултиматум кон медиумите: или ќе бидете со нас или ќе дадеме се од себе за да ве снема од мапата. СДСМ и Сорос активно се борат против секоја мисла различна од нивната. Затоа аболицираниот криминалец Зоран Заев за свои политички непријатели нарече неколку национални телевизии и весници, с евели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Соросовиот новинарски синдикат, стои во соопштението, призна дека Зоран Заев се шетал и ги злоупотребувал приватните разговори кои му биле дадени, а згора на тоа најавувал и заплашувал со нарачаните папки што ги имал за Катица Јанева.

 - Ниту МВР под контрола на СДСМ ниту ЗНМ и ССНМ не реагираа со осуда на макар еден случај кога активисти на СДСМ/Сорос се закануваа по живот и напаѓаа новинари кои се неподобни според Заев. Ваков третман имаа Радио слободна Македонија, МТВ, Курир, Сител и низа други. Овој однос е срамен и под секое ниво. Токму затоа процесот на десоросоизација на македонските медиуми е и повеќе од неопходен, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.