Македонија
8. February 2021 - 8:55

ВМРО-ДПМНЕ: Постојаното лажење ги стави Филипче и Заев на црната листа за извор на лажни вести на Американскиот совет

Вакцини нема во Македонија, ама затоа Македонија ги има Филипче и Заев кои се прогласени за извор на лажни вести.

И тоа го потврди и Американскиот научно-здравствен совет.

Ова што сега во февруари го потврди оваа престижна американска институција граѓаните го знаат од минатата година.

Филипче и Заев лажат во врска со вакцинацијата веќе половина година.

Филипче и Заев минатата година есента уверуваа дека сме најподготвена земја за старт на вакцинацијата.

Филипче во октомври минатата година рече дека вакцини во Македонија ќе има на време. Сите држави почнаа вакцинација од декември, вакцини во Македонија нема никакви!
Прво рекоа, вакцина ќе има од КОВАКС крај на декември, почеток на јануари 2021 година.

Потоа рекоа дека ќе има донации на вакцини од Бугарија, а беа најавени и од Грција.
На почеток на јануари рекоа директно ќе преговараат со производителите, ќе преговарале со „Фајзер“.

И се смееја на Србија кога ги доби првите дози крај на декември, за Заев неколку илјади дози вакцини не биле ништо. Сега Србија се подготвува за производство на руска вакцина, во Македонија нема ни една вакцина.
Вакцинацијата требаше да стартува на крај на декември, па почеток на јануари, па крај на јануари, почеток на февруари.

Денес е осми февруари, во Македонија нема никакви вакцини!

Неспособноста и неодговорноста на Филипче и Заев резултира со тоа Македонија да биде меѓу првите на светската листа на починати, ама да ја нема на листата на колку граѓани се вакцинирани.

За лагите и последиците од нив мора да има одговорност.