Македонија
11. јуни 2021 - 8:47

ВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на дизелот за 4 денари e удар на Заев за најсиромашните

Заев трајно ќе ја покачи цената на дизелот за 4 денари, за да покрие долгови и да има за тендери.

Ребалансот на буџетот кој го предлага Заев предвидува воведување на нов данок, надомест за дизел горивата во висина од 4 денари. Со ова Заев сака за половина година да собере 27 милиони евра од џебот на народот во буџетот.

Заев воведува нови давачки затоа што го испразни буџетот преку скапи набавки и плаќање и повеќе од двојно на тендери.

Ова е удар врз земјоделците, врз транспортерите и врз сите граѓани кои возат автомобили кои користат дизел.

Заев го соголи народот, сега сака и последниот денар да му го земе. Секаде во светот има помош од владите поради кризата, само кај нас со Заев имаме нови даноци и нови проблеми.

4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ