ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособноста на СДСМ ќе се затворат 15 000 микро и макро компании
Поради неспособноста на СДСМ над 40.000 граѓани во Македонија ги изгубија своите работни места. Се фалеа дека спроведуваат четврт сет на мерки, а не успеја да ги спроведат мерките од третиот сет. Без никаков срам се фалат за четвртиот сет на мерки, кога тоа остана само празно и неисполнето ветување пред граѓаните.
Според Анкетното истражување на претпријатијата од страна на македонските организации на работодавачи, 27% пријавиле дека кризата со Ковид- 19 сериозно влијае врз нивното работење и пријавиле целосно затварање на фирмите. Значи, околу 14.304 микро и мали претпријатија кажале дека ќе затворат.
Поради нивната неспобност Република Македонија има историски најголем пад на БПД од 12.7%.
Зоран Заев и неговата Влада ја задолжија државата за нови милијарда евра за само три месеци, период во кој над 40.000 луѓе без работа, а економијата отиде во минус 12,7%.
Зоран Заев и Владата на СДСМ во ек на криза ја поскапија струјата за 7,4%.
Тоа само покажува дека криминалот и корупцијата на мафијата на власта ги јадат економијата и стандардот.
Затоа изборот е или мафијата на Заев или Македонија. Народот ќе ја одбере Македонија.
Ново на Сител
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи