-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособност на власта повеќе од 10 часа РЕК Битола не е функционална
-->
Неспособноста и неодговорноста на криминалниот картел на власт на чело со Зоран Заев излегува на површина. Повеќе од 10 часа РЕК Битола воопшто не е функционална. Единствениот активен, од трите блока во РЕК Битола ноќеска испадна од мрежа.
Недозволиво е најголемиот производител на електрична енергија во државата да е вон употреба половина ден.
Незнаењето на картелот на власт во текот на вчерашниот ден предизвика и прекин во дотурот со јаглен за термоцентралата. Имено поради пожар на една од постројките во рудникот на РЕК Битола снабдувањето со јаглен било запрено.
Криминалниот картел наречен СДСМ не знае да работи. Државата и граѓаните трпат директни загуби. Оваа ненародна власт мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња