Македонија
28. April 2018 - 12:18

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособност на власта повеќе од 10 часа РЕК Битола не е функционална

Неспособноста и неодговорноста на криминалниот картел на власт на чело со Зоран Заев излегува на површина. Повеќе од 10  часа РЕК Битола воопшто не е функционална. Единствениот активен, од трите  блока во РЕК Битола ноќеска испадна од мрежа.
 
Недозволиво е најголемиот производител на електрична енергија во државата да е вон употреба половина ден.
 
Незнаењето на картелот на власт во текот на вчерашниот ден предизвика и прекин во дотурот со јаглен за термоцентралата. Имено  поради пожар на една од постројките во рудникот на РЕК Битола снабдувањето со јаглен било запрено.
 
Криминалниот картел наречен СДСМ не знае да работи. Државата и граѓаните трпат директни загуби. Оваа ненародна власт мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро. 
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ