ВМРО-ДПМНЕ: Поради лошите политики на СДСМ и неажурноста на Царовска се повеќе млади кадри ја напуштаат земјата
СДСМ откако е на власт ја зголеми само сиромаштијата.
Во Република Македонија моментално околу 460.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија, а манипулантите од СДСМ продолжуваат со ветувања за мед и млеко.
Царовска го укина и додатокот за трето дете, проект кој беше од времето на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се помогне на граѓаните, а истовремено да се зголеми наталитетот.
СДСМ исто така влезе во опасна авантура со тоа што сака да воведе систем на гарантиран минимален приход, нешто што не постои во Европа и ретко каде во Светот.
За Република Македонија, изедначувањето на социјалната помош со минималната плата ќе има катастрофални последици затоа што ги обесхрабрува они кои што сакаат да работат и со тоа да стекнуваат работни навики, квалификации.
Поради лошите политики на СДСМ и неажурноста на Царовска се повеќе млади кадри ја напуштаат земјата.
Ваквото владеење на СДСМ за граѓаните на Република Македонија е неиздржливо. Со секој поминат ден со СДСМ на власт државата дополнително тоне во задолжување, криминал и корупција.
Колку СДСМ побргу си замине толку Македонија ќе успее да го фати вистинскиот правец, бидејќи оваа влада за година ипол докажа дека нема ни кредибилитет ни капацитет да ја води економијата.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот