Македонија
24. May 2020 - 12:57

ВМРО-ДПМНЕ: Поради лошите економски политики на листата на СБ сега сме на 17-тото место

Сигурно ова веќе сте го слушнале и сигурно сте се зачудиле и ви се јавило револт од ваквите измами. За жал реалноста е поинаква и Заев го знае тоа.

Кога ќе ги симне розевите очила се соочува со релноста. Реалност која значи падови, порази и уназадувања, за жал.

„Транспаренси Интернешнл“ не прогласи за најкорумпирана држава во Европа, а на листата за корупција паднавме за 13 места.

Поради лошите економски политики на листата на Светска Банка сега сме на 17-то место, пад за 70% во однос од претходно и затоа ни се прогнозира најнизок економски раст на Балканот.

Неработата на Заев придонесе на листата на „Форбс“ да паднеме за 28 места. Затоа и не треба да не зачудува што Македонците имаат најниски плати на Балканот.

Падови, порази, уназадувања.

Поради лошиот квалитет и корупцијата во здравството паднавме и на листата на Евроспкиот здравствен индекс. Затоа младите се исселуваат, а Македонија влезе во 10-те земји кои имаат најголем одлив на мозоци и затоа не треба да не чуди релноста во која „Економист“ не прогласи за режим, хибриден режим, а Стејт Департментот за заробена држава.

Падови, поради, уназадувања.

За сето ова Заев е виновен!