Македонија
29. January 2021 - 10:30

ВМРО-ДПМНЕ: Попис треба да има, ама не фалсификат каков што спрема СДСМ и Заев

Реакција на соопштението на СДСМ

Пописот кој што власта на Заев насилно сака да го истера е обична политичка операција, а не статистичка операција.

Законот за попис и пописот кој Заев ги турка на сила се спротивни на сите европски стандарди и затоа се уште нема методологија на само два месеци пред пописот.

Власта насилно наметнува голема теренска операција во сред пандемија, кога сите сериозни земји во регионот и Европа ги одложуваат своите пописи за да не го загрозат здравјето и животите на своите граѓани.

Ова само гарантира дека власта веќе ги има резултатите од пописот и само треба да ги објави, за што говорат и отворените лицитации со резултати, бројки и проценти.

Заев да одговори дали дилот за пописот, резултатите, бројките и процентите се однапред договорени веќе во еден угостителски објект во Полошкиот крај?

За ова ќе следи одговорност.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ