Македонија
22. April 2021 - 9:12

ВМРО-ДПМНЕ: Помошта на Заев наречена 6-ти пакет не е доволна да покрие ниту сметки за струја

Многу фалби, малку помош.  СДСМ се фали со 6-ти пакет мерки, кој е вреден само 17,8 милиони евра или само 0,15% од БДП. Овој таканаречен пакет мерки е срамен и потценувачки кон стопанството.

Помошта на владата не е доволна ниту за плаќање закупнина за простор или сметки за струја, а не пак за нешто сериозно. Оваа криминална власт, одлепена од реалноста нема слух за потребите и барањата на фирмите и работниците.

Заради игнорантскиот однос на власта, секој ден се затвараат по 10тина фирми. До сега клуч заради Заев ставија 6.200 компании. Изминатава година без работа останаа над 60 илјади луѓе, а околу 55 илјади вработени не ги земале своите заработени плати, поради колапсот во економијата во изминатиот месец.

Додека презентираат мерки во вредност од само 17,8 милиони евра, за споредба во соседна Србија, владата му помага на стопанството со над 3 милијарди евра. Цели индустриски гранки како градежништвото, прехранбената, кожарската, текстилната индустрија се целосно заборавени и без помош и со овој пакет мерки.

Заев и Бесими ги игнорираат барањата на туристичката и угостителската комора, кои што секојдневно протестираат и очајно бараат помош за спас на нивните бизниси.

Заев тотално е забеган и не го слуша бизнис секторот и работниците кои немаат пари и крпат ден за ден.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ