Македонија
19. April 2021 - 14:40

ВМРО-ДПМНЕ: Помошта ќе беше изгласана и без пратениците во скафандери

СДСМ не го стави на дневен ред законот за економска помош во четвртокот, за да може да прави театар во скафандери.

Владејачкото мнозинство и Талат Џафери како извршител на Заев избраа да прават театар од обврската која ја имаат, а тоа е гласање на анти кризните мерки.

Пратениците во скафандери се реално непотребни, и без нив ќе беше изгласана помошта, но на Заев му е важен театарот, затоа компаниите чекаа.

Театарот од вчера скапо ќе ја чини власта. Ќе има кривична одговорност како за пратениците со скафандери, кои болни дојдоа во собрание да шират зараза, но и за сите кои тоа го овозможија.

Само универзумот, глупоста на Зоран Заев немаат крај. Тие се бескрајни.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ