ВМРО-ДПМНЕ: Половина милион граѓани живеат во сиромаштија со 2 евра на ден
Зоран Заев и фамилијата Заеви бесрамно се исмејуваат со народот. Додека луѓето тонат во сиромаштија, Заеви јадат со златен прибор кој чини колку полугодишните приходи на едно просечно семејство.
Заеви јадат со златни лажички додека половина милион граѓани живеат во сиромаштија со само 2 евра дневно. Око не му трепнува на Зоран Заев што 54.000 лица останаа без работа во последната година, а уште 50.000 други граѓани нередовно земаат плата.
Заев руча со луксузен златен прибор, а државата ја задолжи за 1 милијарда евра за едно тромесечие, буџетската дупка ја направи 920 милиони евра, а дозволи да пропаднат 200 милиони евра на физички и правни лица во скандалозната ликвидација на Еуростандард банка.
За тоа колку е одлепен од реалноста кланот Заеви покажува фактот што дури тие користат златен прибор, народот собира донации за лекување на свои сограѓани. Врв на безобразие е луксузот на Заеви во сред епидемија кога скоро 2500 лица починаа, а 85000 се заразија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка