Македонија
22. January 2021 - 10:16

ВМРО-ДПМНЕ: Пола милион граѓани живеат со 2 евра на ден, а Заев и неговите министри земаат по три просечни нето плати месечно

Додека пола милион граѓани живеат со 2 евра на ден видовме дека Заев и неговите министри земаат по три просечни нето плати месечно.

Ги видовме платите на министрите, сега да видиме до каде се постапките за криминалите на тие министри заглавени во државните лавиринти.

Да се разјасни до каде е аферата „Leonardo will win“ на Рашкоски, каде се парите на рекетот кои завршија според сведочењето на осудениот Јовановски кај Зоран и Вице Заев, аферата „Дака и панамските пари за 2000 стана во Тетово“, аферата „Иловица и бугарските врски на Заев“, и редица други криминали.

Меѓу другото ја повикуваме владата на централно и локално ниво да ги објави членовите на управни и надзорни одбори кои земаат илјадници денари паушали на грбот на народот.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ