ВМРО-ДПМНЕ: Погрешните политики на СДСМ граѓаните најдобро ги чувствуваат на својот грб и својот џеб
Погрешните политики на СДСМ граѓаните најдобро ги чувствуваат на својот грб и својот џеб. Ветената плата од 500 евра се уште ја нема, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Се отвори спиралата на поскапување па сега граѓаните плаќаат поскапо гориво, поскап леб, поскапи намирници и општо поскапа потрошувачка кошница. Од ден во ден стандардот на граѓанинот тоне, додека власта се богати преку сомнителните тендери, доделувањето на концесии и непотистичките вработувања. Растот на економијата во Македонија е убедливо најнизок во Европа и регионот, 70% граѓани земаат плата помала од просечната, над 500 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, над 140 илјади млади се сиромашни, 47,6%младите се невработени и над 70% млади сакаат да ја напуштат државата заради бесперспективност. Сите овие поразителни бројки се резултат на погубните политики на Заев, Тевдовски и Анѓушев. СДСМ со своите манипулации може самиот себе да се лаже, ама реалноста во Македонија е црна и секој ден станува полоша, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи