Македонија
16. October 2019 - 9:51

ВМРО-ДПМНЕ: Погрешните економски политики на СДСМ ја доведоа до пропаст економијата во земјата

Поради лошите политики на СДСМ 500.000 граѓани во државата живеат на прагот на сиромаштија, исто толку и се иселија од државата.

Поради Заев и министерката Ангеловска, Република Македонија вчера беше задолжена за нови 53.6 милиони евра.

Капиталните инвестиции во државата се на најниско ниво од само 28.16% што е најниско ниво во историјата на Република Македонија.

Нема просечна плата од 500 евра која ја ветуваа СДСМ додека беа во опозиција.

Поради погрешните економски политики на СДСМ се доведува до пропаст економијата во земјата.Затоа потребна е обнова на Македонија и домаќинско работење со државната каса од луѓе со искуство и визија.

Сето ова ќе се случи откако СДСМ ќе падне од власт.