Македонија
5. July 2018 - 17:04

ВМРО - ДПМНЕ поднесе кривични за договорот за името

Од Собранието Договорот за името се сели во Основното јавно обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против премиерот Заев, министерот Димитров, спикерот Џафери и сите пратеници од парламентарното мнозинство кои по втор пат го ратификуваа договорот.

Во исто време, премиерот Заев и пратениците од власта го повикаат претседателот Иванов да го потпише указот. Во спротивно се закануват со кривична пријава против шефот на државата.

Ѓорге Иванов  е ДОЛЖЕН, ПОВТОРУВАМ Е ДОЛЖЕН да го потпише Законот за ратификација на Договорот со Грција. Никој не е над уставот и законите. Никој нема право да ја кочи македонската иднина! Во спротивно Иванов ќе направи кривично дело, постапува надвор од неговите надлежности и директно се меша во законодавната власт, односно во работата на Собранието како законодавна власт, вели Костадин Костадинов од СДСМ.

До пратениците од владејачката коалиција утрово пристигнало и заканувачко писмо потпишано од Здружение за борба за еманципација и права на жени. Пратеничката Туфегџиќ вели: вакави закани нема да не исплашат.

Пред помалку од еден месец, ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против спикерот Џафери и за како што велат неуставното и незаконското донесување на законот за јазиците.

Од Јавното обвинителство  велат дека надлежен обвинител веќе ги проверува наводите изнесени во кривичната пријава.

Деспина Тодоровска за Сител тв.