ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични против Џафери и двајцата пратеници за прекршување за КЗ
Македонија мора да биде држава во која што законите и Уставот важат подеднакво за сите. Поради основано сомневање за прекршување на Кривичниот законик, а особено во членовите 205 и 206, кои што се однесуваат за непостапување по здравствени прописи во време на пандемија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денес во Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава.
Очекуваме дека Јавното обвинителство ќе постапи согласно законите и ќе ја процесуира оваа кривична пријава.
Исто така морам да потенцирам дека во неделата беше прекршен и Законот за заштита на населението од заразни болести, кој што внимавајте имаше измена и дополнувања кои што ги донесе овој пратенички состав во месец октомври 2020-тата година. Токму поради овие основани сомневања денес ја поднесуваме оваа кривична пријава, која што се надеваме дека ќе се процесуира итно.
Прашање: За кого се овие кривични пријави, и што е суштината? Како е сторено делото, на кој начин?
Одговор: Кривичната пријава е против претседателот на Собранието, кој што овозможи да присуствуваат двајца пратеници кои што беа позитивни на КОВИД, тоа значи дека имаме основано сомневање дека се прекршени членовите од Кривичниот законик, исто така цитираниот закон за заштита на населението од заразни болести. Оваа кривична пријава ќе ја дадеме на процесуирање во Јавното обвинителство и се разбира дека по неа треба да постапуваат.
Прашање: Кривичната само против Талат е?
Одговор: Против Талат и против двајцата пратеници.
Прашање: Очекувате дека ќе постапи?
Одговор: Со оглед на тоа што сметаме дека Македонија мора да биде држава во која што ќе работат институциите особено Јавното обвинителство и судството, се надеваме дека Јавното обвинителство ќе се издигне над притисоците од страна на власта и ќе постапи истото.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална