Бизнис
20. December 2016 - 16:46

ВМРО-ДПМНЕ: По само една недела од изборите СДСМ заборави што ветуваше

Една недела по изборите, СДСМ заборави што ветуваше во кампањата. ВМРО ДПМНЕ реагира на изјавата на поранешниот министер за финансии Никола Поповски, според кого идната Влада ќе треба да води рестриктивна политика што ќе значи помали плати и пензии.

-СДСМ пред изборите, пред само една недела, пред граѓаните ветуваше просечна плата од 30.000 денари, повисока минимална плата, нови вработувања, зголемување на пензиите и тоа не еднаш, туку ДВА пати годишно, а веќе вчера пропагираше отпуштања во јавниот сектор, намалување на платите и кратење на пензиите. Ете на ова предупредувме. СДСМ сакаше на граѓаните да им подметне уште еден 15-ти септември. Но за среќа, овојпат мнозинството на граѓани не поверува на лагите. Тоа е единствената позитивна страна во сето ова, изјави Кирил Миноски од ВМРО ДПМНЕ.

Само кога е во опозиција СДСМ не може да наштети на граѓаните, вели Миноски потсетувајќи дека кога беше на власт ги скрати пензиите, а при тоа тие с еисплаќаа на рати и со доцнење. СДСМ како власт остави без работа 200.000 граѓани , а стапката на невработеност изнесуваше рекордни 38% во светски размери.

-Благодарение на политиките и мерките кои ги преземаше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потоа беа искреирани нови 160.000 работни места и стапката на невработеност е сведена на историски најниски 23,4%. Мнозинството на граѓани се одлучи за нови работни места, а не за затворање на постоечките, реваншизам и бркање од работа. Им благодариме за довербата што ни ја дадоа и како што ветивме, ќе продолжиме со политиките и мерките на отворање на нови 70.000 работни места., вели Миноски.

Во изминатите десет години просечната ензија во земјава се зголеми за 70%, а во нарендите четири години ќе порасне за нови 10,25%. Во истиот период платите во јавниот сектор пораснаа за 25%, а во слендиот мандат ќе се зголемат за уште 10,25%. Владата на ВМРО ДПМНЕ е прва која воведе минимална плата во Макеоднија, а таа ќе се зголеми на 14.000 денари.