Македонија
27. April 2018 - 9:08

ВМРО-ДПМНЕ: Платите паѓаат, трошоците за живот растат, а државата расипнички се однесува со парите на граѓаните

Платите на граѓаните се во слободен пад. Просечната плата во февруари е за 867 денари пониска од платата во февруари. Пад на платите се бележи во сите клучни сектори во економијата.

Платите рапидно паѓаат. 9.9% е падната платата во рударството, 6.3% во секторот за снабдување со електрична енергија, 11.7% пад бележат платите во транспортниот сектор, додека во секторот земјоделие платите паднале 6.11%, а во секторот уметност, забава и рекреација падот е 26.4%. 

Платите паѓаат, трошоците за живот растат, а државата расипнички се однесува со парите на граѓаните. Само криминалниот картел во врвот на власта, на чело со Зоран Заев може да зема обврзница од 19.5 милиони евра, со рок на враќање од 30 години и камата од 29.1 милион евра.

Криминалниот картел на врвот на власт, на чело со Зоран Заев неосновано и без прекин се задолжува. Министерството за финансии ја крие вистинската висина на државниот и јавниот долг. Криминалниот картел крие дека висината на државниот долг за првпат надмина 4 милијарди, а јавниот долг рапидно оди кон 5 милијарди евра.

Додека државата економски пропаѓа, криминалниот картел во врвот на власта ги дефокусира граѓаните, влечејќи десетина патриоти по притвор и судови, сосема неосновано, само затоа што се политички противници на Зоран Заев.

Институциите се злоупотребуваат и се користат за политички пресметка. Правната држава е девалвирана и не се почитуваат законите. Ова беззаконие мора да запре. Граѓаните заслужуваат стабилни институции и правна држава. Овој  криминален картел не смее да продолжи да ја управува државата. Граѓаните заслужуваат подобро.